Светот одбројува до првиот лет со комерцијален електричен авион кој не загадува

Компанијата Scandinavian Airlines (SAS) неделава ги отвора резервациите за првиот комерцијален лет со електричен авион. Сите заинтересирани кои сакат да бидат дел од историјата и да почувствуват како е да се лета со авион кој користи само електрични мотори може да купат билет за околу 180 долари, но мора да побрзаат затоа што компанијата пушта во продажба само 30 билети.

Дури и тие што ќе успеат да купат билест немаат причина да брзаат затоа што планот е скандинавскиот авиопревозник планира авионот да полета дури во 2028 година. Се повеќе авиокомпании инвестираат во електрификација и развиваат и тестираат авиони кои имаат електрични мотори, но ќе помине доста време додека тие ги заменат класичните авиони.

Целта на SAS е да постигне нулта стапка на емисија на штетни гасови, што сакаат да го постигнат до 2050 година. За да успеат во тоа веќе сега развиваат и корисни различни иновации, а клучна улога во тоа треба да имаат електричните авиони кои ќе летаат на мали растојанија.

За својот прв комерцијален лет SAS планира да користи авион на шведскиот стартап Heart Aerospace ES-30, во кој има место за 30 патници. Освен SAS, во оваа компанија и во нивната технологија инвестираат и други големи авиопревозници како United Airlines и Air Canadа и досега имаат добиено веќе 230 нарачки за се да биде спремно до 2028 година.

Моделот ES-30 има четири електрични мотори, а неговиот досег со батерија со уште непознат капацитет е околу 200 км. До крајот на идната деценија планираат тој досег да го дуплираат.

Извор: zimo.dnevnik.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни