Многумина од луѓето мислат дека светот е токму таков каков што го гледаме ние. Но, всушност, сите животни ја гледаат околина на свој начин. Тоа е поврзано со нивниот начин на живот и карактеристиките на нивните очи.
Можеби некој ќе се сети на некој од часовите од биологија, конусните клетки кои се лоцирани во мрежницата на окото се чувствителни на светлина. Секој тип на конусна клетка содржи пигмент кој реагира на одредени бранови должини на светлина. Боите што ги гледа животното зависат од тие пигменти. Следствено на тоа доаѓа објаснувањето зошто луѓето и кучињата не гледаат исто. Науката објаснува дека луѓето имаат три типа на конусни клетки, додeка кучињата само два. Па затоа кучињата гледаат низ призма на жолта и сина боја, па сè до ултравиолетово.
За разлика од луѓето и кучињата, во мрежницата на мачкиното око има шест до осум пати повеќе конусни клетки, па затоа тие одлично гледаат ноќе. Научниците не знаат со сигурност кои бои се доминантни во очите на мачките. Некои од нив сметаат дека тоа се сините и сивите нијанси, други мислат дека мачките гледаат жолта и зеленикава боја. Според тоа, користејќи ја технологијата се обиделе да направат фотографии за околината, видени низ очите на мачките.
Ако мислевте дека само мачките одлично гледаат во темнина, дури и разликуваат нијанси на бои, се излажавте. Некои научни докази тврдат дека гуштерите се снаоѓаат во темнина многу подобро и од мачките. Според поставеноста на конусните клетки во нивните очи тие можат да разликуваат над 350 нијанси и тоа во темнина.
Овие џиновски цицачи гледаат скоро на исти начин како и луѓето кои имаат далтонизам. Тие можат да разликуваат жолта и сина боја, но не гледаат разлика помеѓу црвено и зелено. Во принцип, слоновите немаат многу добар вид. Тие се кратковиди, односно гледаат до дваесетина метри. Но, затоа имаат многу развиено сетило за слух и одлично чувство за мирис и допир.
Ајкулите не случајно го носат епитетот супер моќни. Тие можат да гледаат на два начини, во зависност од околностите, но и во двата гледаат на кратка оддалеченост односно во домет од околу 15 метри. Таквиот недостаток го надополнуваат со тоа што можат да ги ротираат очите за 360 степени, без да се поместат. Ајкулите можат да гледаат и стереоскопски и монокултурно. Кога гледаат стереоскопски тоа значи дека со свете очи гледаат одделни слики и ги спојуваат во една ЗД верзија. Ако гледаат пак монокултурно тоа значи дека до нивниот мозок стигнува само сликата што ја доловува едното око. Како ќе гледаат зависи од тоа на која длабочина се наоѓаат, односно колку е светло или темно.
Извор: 5minutecrafts.site