Голем број на организации протестираат во Германија, Обединетото Кралство и Италија поради климатските промени. Протестите имаа за цел да ја критикуваат политика во нивните земји која треба да се занимава со климатските промени и уште еднаш да ги „разбудат“ владите да преземат дополнителни активности.
Полицијата го отстранува асфалтот од раката на активист за климатските промени, за време на протестот против климатската политика на германската влада во Берлин, Германија.
Климатските активисти од групата „Последна генерација“ се собраа на голем дел од улиците во Берлин, па сообраќајот во најфрекфентните делови на градот беше блокиран.
Активисти протестираат пред зградата на Парламентот во Лондон. Активистичките групи и невладините организации, вклучително и Extinction Rebellion и крајбрежните заедници загрижени за поплавите, протестираат пред домот на Парламентот во текот на четири дена, со цел да ја охрабрат Владата да преземе дополнителни активности за ублажување на влијанието од климатските промени.
Демонстрантите од „Последната генерација“ го блокираа патот Appia Nuova во Рим.
Активистите од „Сопрете ја нафтата“ со транспаренти се придружија на бавниот маршовен протест низ Лондон, како дел од кампањата која треба да ја убеди Владата да стави крај на сите нови проекти поврзани со нафта и гас.
Демонстрантите од Extinction Rebellion на последниот ден од четири дневната акција на еколошката акциона група „The Big One“, во Лондон.
Целта на активистите за заштита на животната средина е да ги принудат властите да го забрзаат усвојувањето на мерки кои би го забавиле глобалното затоплување и климатските промени.