Светот го доби првиот „папа твитераш“

Следи 87 профили, а бројот на негови следбеници расте од минута во минута — во моментот на пишување на текстот, надминува 130.000. Новиот папа најчесто следи црковни и слични профили.
папа
папа

Пред да ја облече папската облека и да стане духовен лидер на милијарди католици, Роберт Франсис Превост бил активен на социјалните мрежи, со што стана првиот „папа твитераш“. Неговиот профил на платформата X (поранешен Твитер) денес служи како необичен архив на мисли од идниот папа.

На профилната фотографија се наоѓа слика со покојниот папа Франциско.

Следи 87 профили, а бројот на негови следбеници расте од минута во минута — во моментот на пишување на текстот, надминува 130.000. Новиот папа најчесто следи црковни и слични профили.

Последен пат се огласи во април, кога ја сподели објава што ја критикува имиграциската политика на Трамп. Во февруари, тој во објава го критикуваше Џеј Ди Ванс.

Како кардинал, Превост често ретвиташе и коментираше објави што повикуваа на поголема емпатија кон мигрантите, често директно критикувајќи ја американската администрација. Депортациите ги нарекуваше „нехумани“, а политиките за забрана на влез за одредени земји – „некрштенски и спротивни на Евангелието“.

Неговиот стил на X беше комбинација од едноставна теолошка мисла и актуелни коментари. Објавуваше цитати од свети Августин, повикуваше на молитва за бегалците и споделуваше статии за христијанскиот пристап кон климатските промени. Користеше хаштагови како #CatholicSocialTeaching и #FaithInAction.

За разлика од претходните папи, чии социјални мрежи беа водени од тимови советници, профилот на Превост беше личен, ангажиран и понекогаш конфронтирачки. Не се двоумеше да влезе во дијалог, па и несогласување со други корисници, кога мислеше дека се шират погрешни толкувања на христијанските вредности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни