Денес се одбележува годишнината од терористичките напади врз САД од 2001 година – најпознатиот напад во современата историја, кога припадници на Ал-Каеда со киднапирани авиони удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вашингтон.
Во нападите загинаа речиси три илјади луѓе, а светот засекогаш се смени. Тогашниот американски претседател Џорџ Буш објави „војна против тероризмот“, а лидерот на Ал-Каеда, Осама бин Ладен, беше убиен една деценија подоцна во Пакистан.
Комеморации се одржуваат во Њујорк и ширум САД, со потсетување на жртвите и на хероите кои помагаа во „Ground Zero“. Многу од нив подоцна се разболеа поради канцерогени материи ослободени при уривањето на кулите.
Историчарите се согласни дека 11 септември 2001 година ја означи почетната точка на нова ера – од глобалната безбедност до односите кон муслиманските заедници. Снимките и сведоштвата од тој ден и денес остануваат потсетник на една од најголемите трагедии на почетокот на новиот милениум.
Извор: Svet