Светот денес – 1 април 2025

Што се случи во последните 24 часа на геополитички план?

Рускиот претседателот Владимир Путин потпиша декрет со кој 160.000 Руси на возраст од 18 до 30 години се регрутираат на воена служба од април до јули, а истовремено се отпуштаат оние на кои им престанал воениот рок.

Претстојната коалициска влада на Германија, предводена од конзервативците на Фридрих Мерц и СПД, планира да ја поттикне ЕУ да ги спроведе построго мерките како што се задржување средства и суспендирање на правата на глас против земјите-членки кои ги прекршуваат основните принципи, при што нацрт-договорот имплицитно ја таргетира Унгарија.

На Марин Ле Пен ѝ беше забрането да извршува јавна функција пет години, откако беше прогласена за виновна за проневера на фондови на ЕУ, со што практично беше дисквалификувана од трката за претседател на Франција во 2027 година; таа доби и четиригодишна затворска казна, со две години условна.

Доналд Трамп треба да објави нови реципрочни тарифи оваа недела, што ќе предизвика загриженост кај пазарите и некои републикански сенатори за потенцијалните глобални одмазди и трговските нарушувања.

Американскиот претседател го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се обидел да се повлече од предложениот договор за минерали за ретки земји, предупредувајќи на „големи проблеми“ доколку договорот не биде потпишан, додека Украина изјави дека условите на договорот биле еднострано изменети од САД и бара дополнително разгледување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни