Светот бруи за деталот на левата рака на Трамп, сите се прашуваат каде го добил, а сега Белата куќа проговори и ја реши мистеријата (ВИДЕО) 

Голема модринка на десната рака на американскиот претседател Доналд Трамп е резултат на ракување, соопшти Белата куќа по ширењето на теоријата на социјалните мрежи дека модрината е предизвикана од интравенска терапија. Модрината била видлива за време на вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Белата куќа. 

„Претседателот Трамп е човек од народот“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, додавајќи: „Неговата посветеност е непоколеблива и тој тоа го докажува секој ден“. „Претседателот Трамп има модринки на раката од постојаното работење и ракување секој ден, цел ден“, додаде Левит во следната изјава, објави NBC News. 

Трамп имал видлива модринка или црвенило на десната рака во најмалку два други прилики, во август и ноември минатата година, објави NBC News, повикувајќи се на агенциски фотографии. 

Модринки на десната рака на Трамп беа забележани и од различни медиуми во 2024 година. 

„Тоа е од ракување со илјадници луѓе“, рече Трамп за магазинот „Тајм“ на прашањето во декември 2024 година. 

Трамп кон крајот на минатата година изјави дека ќе објави медицински извештај за неговата здравствена состојба, но тој сè уште не е објавен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни