Светла Јакшиќ: „Ноќен суфлер“ беше мојот пат на исцелување

Младата поетеса зборува за љубовта кон пишувањето, „Ноќен суфлер“ како процес на созревање и храброста на новата генерација автори

Љубовта кон книгите кај Светла Јакшиќ започнува уште во детството – со семејната библиотека, со родителската поддршка и со професорките кои ѝ го препознале талентот и ја охрабриле да продолжи да пишува. Од првите стихови во основно училиште, преку пронаоѓањето на сопствениот стил во гимназиските денови, до дебитантската стихозбирка „Ноќен суфлер“, нејзиниот творечки пат е изграден од дисциплина, искреност и верба во македонскиот јазик како простор на идентитет.

Во разговор за Трн, Светла зборува за пишувањето како најприроден начин на искажување, за младите поети и потребата од меѓусебна поддршка, за културата како темел на секое општество и за „Ноќен суфлер“ – книга што ја опишува како свој душевен пат на исцелување. Интервју за ноќта, водата како симбол на промена и за гласот што тивко, но упорно, шепоти одвнатре.

Трн: Од каде започнува твојата љубов кон пишувањето? Се сеќаваш ли на моментот кога зборот првпат ти стана засолниште или потреба?

Светла: Уште кога бев дете на претскошлка возраст многу сакав да ми читаат книги и сакав да пораснам што побргу за да можам сама да читам. Прва љубов ми е музиката, потоа театарот, цртањето, но секогаш имав време да прочитам книги кои не ни беа задолжителна литература. Вечно благодарна сум им на моите родители за нашата доамшна библиотека и тоа што сакаа и се трудеа да присуствувам со нив на нови, интересни промоции на книги. Сепак, клучно беше основното образование, ништо немаше да биде исто без професорките Викторија и Менка кои се најзаслужни за мојот интерес кон пишувањето, беа одлични педагози кои ме охрабрија да продолжам да творам и да се развивам.

Трн: Како се развиваше твоето творештво – спонтано или како свесна одлука да станеш поет? Дали поезијата те пронајде тебе или ти ја избра неа?

Светла: Одлуката да пишувам беше свесна, мал поттик од прифесорките беше доволен за да продлжам. Во гимназиските денови го принајдов мојот стил, се ослободив од сите стеги и поотворено настапував. Сепак, и годините, но и стекнатото знаење во Корчагин ми помогнаа да го најдам патот по кој ќе проодлжам да пишувам, со желба дека еден ден ќе заслужам да објавам и книга.

Трн: Како е да си млад поет денес во Македонија? Дали чувствуваш поддршка, простор и публика, или повеќе борба и самоиницијатива?

Светла: Денес е предизвик и гордост да се виде поет, особено од Македонија, а тоа го сфатив вон нашите граници. Токму фактот дека малкумина го говорат нашиот јазик и не е широко распространет, не прави псоебни. Македонскиот јазик е мелодичен, нам и срцата и емоциите ни отчукуваат посилно, имаме една посебна ѕвезда во нас и треба да ја чуваме.

Работите за среќа се менуваат, се повеќе има простор и самоиницијативно да претсавите ваше дело, особено во главнилт град, но и во поголемите градови низ државата, како и организации, фестивали, кафе-книжарници, клубови на читатели и платформи на социјалните мрежи за тоа да стигне до вашата публика.

Она што ни е потребно е поголема меѓународна соработка, бидејќи имаме одлични автори и поети кои го заслужуваат светското внимание, како и јасна стартегија во поглед на градење на идни планови во полето на културата.

Според мене, а тоа и историјата го потврдува, ниту една политика не може да се гради врз урнати, или нестабилни темели на културата.

Трн: „Ноќен суфлер“ е твојата прва стихозбирка – што ти „шепоти“ ноќта во оваа книга и како настана твојот внатрешен глас што те води низ песните?

Светла: Љубовта кон театарот и моето пишување ноќе си го сторија своето. Конкретно “Ноќен суфлер” му е посветена на татко ми Бранко Јакшиќ, дел од песните се веројатно едни од најтажните кои сум ги напишала, а другиот дел е само рефлексија на некоја среќа која во тој емотивен хаос ме најде и дава надеж да проодлжам понатаму. Целта ми беше да го претставам мојот душевен пат на исцелување користејќи ја водата како симбол на промена и ослободување. Што и да создадам понатаму, мислам дека секогаш низ стиховите ќе биде видлива трагата на суфлерот, секогаш ќе се појавува и ќе ме води кон нови истражувања и експерименти.


Трн: Дали пишувањето го чувствуваш како свој најприроден начин на искажување на чувства? Што може стихот да каже што секојдневниот говор не успева?

Светла: Кога пишувам се чуствувам слободна, не знам дали е возможно да го опишам соодветно тој чин кога ќе те допре првиот стих, или пак емоцијата што ќе ја предизвика римата да ти ја совлада мислата. Често се шегувам дека сум “ноќна птица” и дека тоа е основната идеја, но дури откако заврши овој циклус на пишување и објавување, сфатив колку оваа книга всушност беше и еден вид на прирачник, показател за моето созревање. Ниту една кавга, слика, видео не може да ме расплаче, да ме насмее како една песна. Веројатно, во мене најсилна е музиката, и тој внатрешен глас кој чека да биде сфатен и чуен, да има своја форма и да заживее на хартија.

Трн: Дали пишувањето го чувствуваш како свој најприроден начин на искажување на чувства?

Светла: Што може стихот да каже што секојдневниот говор не успева? Кога пишувам се чуствувам слободна, не знам дали е возможно да го опишам соодветно тој чин кога ќе те допре првиот стих, или пак емоцијата што ќе ја предизвика римата да ти ја совлада мислата. Често се шегувам дека сум “ноќна птица” и дека тоа е основната идеја, но дури откако заврши овој циклус на пишување и објавување, сфатив колку оваа книга всушност беше и еден вид на прирачник, показател за моето созревање. Ниту една кавга, слика, видео не може да ме расплаче, да ме насмее како една песна. Веројатно, во мене најсилна е музиката, и тој внатрешен глас кој чека да биде сфатен и чуен, да има своја форма и да заживее на хартија.

Трн: Што би ги охрабрило младите што пишуваат, но се двоумат дали нивниот глас е доволно вреден? Што би им порачала од сопствено искуство?

Светла: Благодарение на конкурсите кои сега се почесто ги има, многу малди луѓе, дури и оние кои немале интерес за пишување, се охрабруваат, учествуваат на работилници, се пријауваат на конкусрите, организираат поетски читања, објавуваат свои творби на социјалните мрежи, и тоа е за пофалба. Нужно е да се има добар ментор кој ќе ве насочи, професори кои ќе ве подучат, поддршка од пријатели и познаници, како и меѓусебна поддршка меѓу младите крративци. Само заедно, и доколку соработуваат, си помагаат и споделуваат критика меѓусебе можат да успеат. Верувам дека ни следува време на промени и на соработка, овие генрации се похрабри и отворени кон светот за поголеми успеси!

Трн: Кои се твоите следни творечки планови? Работиш ли на нов проект, нова форма или можеби експериментираш со поинаков книжевен израз?

Светла: Моментално ја подготвивам магистерската теза, но секогаш се раѓаат нови идеи. Последниве две години ми се исклучително инспиративни, престојот од шест месеци во Белград, како и честите патувања кои ги имав убаво ми влијаеа и ме носат во нови предизвци. Сакам да растам како автор и нема да ме изненади ако се видам себе си и со прозни дела наскоро. Во меѓувреме со тим пријатели, поети и креатвци веќе подготвуваме и нови настани за претстојната година!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни