Шведските жени се повлекуваат од политиката поради растечка омраза и закани

Агенцијата за еднаквост предупредува: климатa стана закана за демократијата.
Magdalena Andersson is congratulated in the Swedish parliament on Monday after being reappointed as prime minister just days after quitting amid political turmoil.
Photo: Jonas Ekstromer / TT News Agency via Reuters

Растечката омраза, заканите и вознемирувањето кон жените во политиката го туркаат половина од шведското општество надвор од јавниот простор и го ограничуваат нивниот глас — феномен што државната Агенција за родова еднаквост го опишува како „сериозна закана за демократијата“. Предупредувањето доаѓа во момент кога Шведска, земја која долго време важеше за глобален пример за еднакви права и слободи, се соочува со брана политички оставки и силен пад на женската присутност во јавниот живот.

Драматичното влошување започна во октомври, кога Ана-Карин Хат, лидерка на Центарската партија, поднесе оставка само пет месеци по изборот на функцијата, наведувајќи дека постојаните закани и омраза станале неподносливи. „Постојано имате чувство дека мора да гледате преку рамо. Не се чувствувате безбедно ни дома. Тоа ме погоди многу подлабоко отколку што очекував“, рече таа при напуштањето на функцијата.

Оставката на Хат следеше три години по убиството на Инг-Мари Виселгрен, координаторка за психијатрија, која беше смртно застрелана во Готланд. Истрагата утврди дека нејзиниот убиец планирал и атентат врз тогашната лидерка на Центарската партија Ани Леф на демократски фестивал, што дополнително го продлабочи чувството на ранливост меѓу женските политички лидери во земјата. Леф изјави дека целосно ја разбира одлуката на Хат. „Ја познавам реалноста што ја опиша. Знам како се чувствува тоа,“ рече таа.

Истражувачи и јавни личности во Шведска предупредуваат дека политичката атмосфера стана поостра, поделена и понасилна отколку во изминатите децении. Според Агенцијата за родова еднаквост, ваквиот климат ја турка јавната дебата во насока на автоцензура, ги одвраќа жените од политичко учество и врши директно влијание врз законодавството. Лине Сел, раководителка на аналитичкиот оддел на агенцијата, изјави дека „огромен број групи се плашат да учествуваат“, а многу жени „двапати размислуваат“ пред да влезат или останат во политиката.

Особено младите жени чувствуваат, како што вели Сел, „екстремна ранливост“, што влијае на нивната способност да ја обавуваат функцијата и да водат нормален живот. „Тоа е многу голема закана за демократијата. Гледаме значително поголем процент млади жени кои поднесуваат оставки во локалната политика. Последицата е автоцензура и повлекување од јавниот простор.

Иако Шведска е глобално препознаена по своите закони за слобода на говор и демонстрации, статистиките за политичарите кажуваат поинаква приказна. Според Извештајот за безбедност на политичарите за 2025 година, кој го изработи Националниот совет за превенција од криминал, 26,3% од жените избрани функционери биле изложени на закани или вознемирување во последната година – во споредба со 23,6% од мажите. Разликата станува уште поголема кога се мери чувството на ранливост: 32,7% од жените се чувствувале небезбедно, наспроти 24% од мажите. Меѓу политичарите со странско потекло, нивото на ранливост се искачува на 31,5%.

Најчеста последица е повлекување од социјалните мрежи, а по неа следи воздржување од јавно зборување за чувствителни теми. Истражувачката Сандра Хокансон од Универзитетот Упсала, која се специјализира за политичко насилство и род, предупредува дека „жените молчат за теми што се сметаат за високоризични“, што го стеснува јавниот дискурс и го менува законодавниот процес. Таа објаснува дека тоа најмногу се гледа во дебатата за миграционата политика, која се поместила кон десницата, додека женските перспективи останале нечуени.

Онлајн-омразата и антиимигрантскиот екстремизам, велат експертите, исто така играат голема улога. Шведските закони за транспарентност овозможуваат јавен пристап до адреси и лични податоци, што криминални групи го користеа за напади врз домови низ земјата — фактор кој дополнително ја зголемува несигурноста кај женските политички претставнички.

Амине Какабавех, поранешна пратеничка со иранско-курдско потекло, предупредува дека „секој напад врз една жена претставува демократски дефицит“. Таа, која во минатото имала полициска заштита, објаснува дека е изложена на повеќекратни ризици: расистички закани, закани од исламски екстремисти и од странски државни актери. „Живеам со ова секој ден. Но најважно е да не дозволиме да бидеме замолчени,“ вели таа.

Министерката за родова еднаквост Нина Ларсон изјави дека „кога жените се плашат да се вклучат во политиката, или се замолчени, демократските процеси се оштетуваат“. Таа повика на „културна промена“ во однос на дигиталното однесување, поголема одговорност од страна на социјалните мрежи и посилна државна заштита за избраните претставници. „Преземени се мерки, но мора да се направи многу повеќе,“ предупреди Ларсон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни