Со гала концерт на американска пијанистка Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија i под диригентска палка на маестро Едвин Оутвотер синоќа на Античкиот театар беше отворено 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“.
Во рамките на концертот кој се одржа под мотото „Трансформација на сетилата“ публиката имаше можност да ужива во симфониските танци од „Приказна од западната страна” на Леонард Бернштајн и „Рапсодија во сино” од Џорџ Гершвин, како и во „Пајдушко“ од Дамир Имери во блескавата изведба на Хуангчи.
Во рамки на фестивалот, над 500 уметници од дваесетина земји ќе настапат на неколку сцени низ Охрид, претворајќи го градот во светска уметничка метропола.
Од синоќа, па се до 20 август, Охирд ќе биде домаќин на светскта уметност во различни облици.
Фестивалот „Охридско лето“ е основан во 1961 година, а од 1994 година е дел од Европската Асоцијација на Фестивали