Свечено отворен AI Tech Summit Skopje 2025 – Филип Аврамчев останува вечна инспирација

„Филип веруваше дека технологијата е двигател на иновации и поврзување, а неговата страст и посветеност се вградени во самиот темел на овој самит“, порачаа тие

Најголемиот регионален настан посветен на вештачката интелигенција – AI Tech Summit Skopje 2025 – денес беше свечено отворен во чест на неговиот основач, Филип Аврамчев.

Ова издание започна со емотивна посвета и видео во негова чест, со кој се потсети јавноста за неговата визија за Македонија и регионот како дел од глобалната технолошка мапа. Организаторите истакнаа дека Филип не бил само лидер, туку и сонувач, визионер и човек кој верувал во трансформативната моќ на технологијата.

„Филип веруваше дека технологијата е двигател на иновации и поврзување, а неговата страст и посветеност се вградени во самиот темел на овој самит“, порачаа тие.

Со помош на вештачката интелигенција, присутните имаа можност уште еднаш да го слушнат Филип, кој преку симболична порака ги потсети дека најубавото наследство е она кога нечии љубов, страст и посветеност стануваат инспирација за другите.

Овогодинешниот AI Tech Summit Skopje е целосно посветен на неговиот живот и наследство, а реализиран е со поддршка на неговото семејство, тимот и пријателите.

Во наредните денови самитот ќе опфати панели, предавања и работилници со врвни светски експерти, кои ќе зборуваат за практичната примена на вештачката интелигенција и нејзината улога во бизнисот, медицината, спортот и секојдневието.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни