Левичарската Социјалдемократска партија на Швајцарија денеска ги повика швајцарските државни институции да престанат со присуство на платформата X.
Повикот е упатен преку писмо адресирано до швајцарскиот претседател Ги Пармељен, до федералниот канцелар Виктор Роси, како и до претседателите на двата дома на парламентот, пренесува Swissinfo.
Во писмото, социјалдемократите бараат целосно повлекување на официјалните профили на Швајцарија од платформата X, сметајќи дека таа повеќе не ги исполнува стандардите што треба да ги има канал за институционална и јавна комуникација.
Засега нема официјална реакција од швајцарските државни власти во врска со ова барање.