Сузан Сарандон не се откажува од својот политички ангажман и продолжува да ја алармира јавноста за цивилните жртви во Газа.
Во последните години, таа гласно застанува на страната на Палестинците и бара прекин на огнот во регионот, што значително влијаеше на нејзината кариера во Холивуд.
Во 2023 година, агенцијата што ја застапуваше ја раскина соработката поради нејзиното учество на про-палестински собир во Њујорк. Од тогаш, нејзините можности за улоги во американската филмска индустрија се ограничени.
Сузан во Барселона, каде што ја прими Меѓународната награда Гоја за животно дело, изјави дека е отпуштена поради тоа што марширала и јавно зборувала за Газа. Таа додаде дека е речиси невозможно да добие големи улоги во филмови или телевизиски проекти во САД, па затоа се повеќе се насочува кон европски продукции и независна сцена.
Во последно време, Сарандон работеше на филмови во Италија и настапуваше во лондонскиот Театар Олд Вик, а еден италијански режисер ја ангажирал и покрај предупредувањата дека тоа „не би требало“.
За Сарандон, активизмот не го загуби само пристапот до големи холивудски улоги, туку јасно го насочи курсот на нејзината кариера – повеќе проекти во Европа и помалку во САД.
Позната по улогите во филмовите „Телма и Луиз“, „Мртвиот човек оди“ и „Атлантик сити“, таа истакнува дека не се откажува од политичкиот активизам и продолжува да ја подигнува свеста за цивилните жртви во Газа. За неа, уметноста и активизмот остануваат неразделни, дури и ако тоа значи жртвување на можности во земјата каде што ја изградила својата кариера.