Суви канали, ниски речни водостои и полупразни езера: Европа се подготвува за голема суша

Зимскиот топлотен бран, рекордно ниските врнежи од дожд и запрепастувачкиот недостаток на снег во Европа го наплатуваат данокот кој резултира со ниски водостои на реките, каналите и езерата низ континентот. Експертите предупредуваат дека може да се повторат големите суши од минатата година.

Ако сликите од исушени речни корита и полупразни езера обично се поврзуваа со жешко лето, веќе станаа препознатлив белег и на зимата. Исклучително топлиот и сув почеток на годината и тоа како влијае на дел од Европа, вклучително централна и југозападна Франција, северна Шпанија и северна Италија.

Постои загриженост за снабдувањето со питка вода

Состојбата со водата во Европа стана „многу несигурна“, според студијата објавена во јануари од истражувачите од Технолошкиот универзитет во Грац во Австрија, која користела сателитски податоци за да ги анализира светските подземни водни ресурси.
„Пред неколку години, никогаш не би замислил дека водата ќе биде проблем во овој дел од Европа“, рече Торстен Мајер-Гур, еден од истражувачите. „Всушност имаме проблеми со водоснабдувањето – мораме да размислиме за ова“.

Рекордна суша во Франција – Можни се рестрикции на вода

Извор: CCN.COM – Lauren Coust/Abaca/Sipa/AP

Франција, која го доживува својот најсушен период во последните 60 години, наскоро може да донесе рестрикции за користењето на водените ресурси.

„Земјата претрпе серија од 32 последователни дена без значителни врнежи од 21 јануари до 21 февруари“, изјави Симон Мителбергер, климатолог во Метео-Франс, за Си-Ен-Ен.

Ваквиот заклучок е донесен според статистиката која се води од далечната 1959 година. Тоа има штетно влијание не само врз реките и езерата во земјата, рече Мителбергер, туку и почвите.
Мителбергер посочил дека загрижувачка е и ситуацијата со почвите кои во кои се бележи екстремна ниска влажност. Сето тоа е директна последица и на слабите снежни врнежи.
„Ситуацијата на Пиринеите е стигната до точка на најнискиот рекорд на количество снег за овој период од годината“, рече Мителбергер. Според CIMA Research Foundation, на Алпите има 63% помалку снег од вообичаено.

Недостатокот на снег во зима може да ги загрози резервите на вода во пролет и лето, бидејќи ќе има помалку топење на снегови кои ги одржуваат водостоите на реките и секако езерата.

За потсетување, минатото лето, Франција ја претрпе најголемата суша до сега, а се чини со уште полошо темпо ќе се продолжи и ова лето, предупреди Мителбергер. Од друга страна пак, Кристоф Бечу, министерот за еколошка транзиција, ја нарече зимската суша „невидена“ и даде на знаење дека земјата е во состојба на готовност.

Загрижувачка ситуација во Италија: Празни езерски базени и исушени канали

Во Италија, некои од најпознатите водни површни, воедно и атракција за туристите од ден на ден пресушуваат.

CNN.COM Alex Fraser/Reuters

Нивото на водата во езерото Гарда е толку ниско што сега е возможно да се пешачи до островот кој се наоѓа во неговиот средишен дел. Пред само неколку месеци оваа „пешачка“ патека не постоеше.

Ако сте од оние кои сакаат да ја разгледуваат Венеција со возење на гондола сега тоа е скоро невозможно. Некои од каналите се скоро суви, додека во други има толку многу малку вода така што гондолите не можат да се движат. Сето тоа е повторно последица на екстремно малите количини на дожд, во последниот период. Експертите укажуваат дека градот кој долго време се плашеше од поплави сега се бори со нешто сосема спротивно, а тоа е голема суша.

Извор: CNN.COM Stefano Mazzola

Најголемата река во Италија, По, е со половина водостој од вообичаено

Најдолгата река во Италија, По чија должина е дури 652 км и тече низ северно земјоделското срце на Италија има далу под просечен водостој. Според мерењата нивото на водата во реката По е едвај 61%. Минатото лето, италијанската влада прогласи вонредна состојба во областа околу По, која доживеа најголема суша во последните 70 години.

Извор: FORBES.COM

Џорџо Зампети, генерален директор на Легамбиент, италијанска еколошка групација, стравува дека најлошото допрва доаѓа.

„2023 штотуку започна, но повеќе од видливи се загрижувачките знаци на екстремните временски неприлики и изразеноста на сушата“, изјави Зампети за медиумите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни