Велат дека се што е забрането е поинтересно, а и така е. Ова се 15 локации кои се строго забранети за јавноста од различни причини, без разлика дали е во прашање безбедноста на посетителите, заштита на животната средина или зачувување на културни артефакти. Од пештерата Ласко која се наоѓа на југозападот на Франција која е позната по свои полихромни цртежи од времето на подоцнежниот палеолит до островот Северен Сентинел кој е дом на племето Сентинел, во Бенгалскиот залив, светот е полн со места што не ни е дозволено да ги посетиме.

Едно такво место е Улуру ИЛИ Ајерс Рок кој е песочна карпа која се наоѓа токму во средината на Австралија. Оваа карпа која нагло се возвишува во пустинската рамница настанала како последица на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови. Улуру претставува свето место за Абориџините, австралиски домородци.

Неговата црвена боја, се менува под дејство на сонцето, во текот на целиот ден. Денес Улуру претставува еден од многубројните национални симболи на Австралија. И покрај тоа што е популарна туристичка дестинација, местото се смета за свето од локалните Абориџини и на посетителите им е забрането да се искачуваат на него.
Меѓу другите дестинации кои се забранети за посета од широките маси на народи една е лоцирана во Јапонија. Во Јапонија има повеќе од 100,000 Шинто светилишта, кои се во центарот на духовниот живот на земјата. Историски гледано, Јингу, Големото светилиште во Исе, го зазема најчесното место меѓу сите шинтоистички храмови.

Се смета дека е духовен дом на јапонскиот народ, повеќето од нив сакаат да направат аџилак во Јингу барем еднаш за време на нивниот живот. Всушност, повеќе од шест милиони аџии и верници доаѓаат на Јингу секоја година, но за жал местото е недостапно за „обичните“ туристи.