Актот за дигитални сервиси (DSA) на Европската унија ефективно започна да се применува од февруари и со себе донесе низа правила за онлајн платформите, со цел да се заштитат потрошувачите. За да се усогласи со оваа директива, Apple им побара да се усогласат нивните податоци за статусот на трговец до 17 февруари оваа година. Ако тоа не го направат во рок, сите нивни апликации ќе бидат отстранети од Apple App Store.
Според статистиката на сајтот Appfigures, повеќе од 135.000 апликации чии разработувачи не обезбедиле бараните податоци беа отстранети од App Store во земјите членки на Европската унија во текот на изминатите денови. Тоа претставува најголемо отстранување на апликации од платформата, уште од нејзиното лансирање.
Отстранетите апликации ќе останат скриени додека нивните разработувачи не ги ажурираат и обезбедат потребните информации преку платформата App Store Connect.