“Surechek” – креативна кампања за сеопфатно сексуално образование

 “Shurechek” е кампања која го промовира сексуалното образование и неговата важност. Кампањата опфаќа теми како сексуалното здравје, односот и разбирањето и перцепцијата на своето тело, љубов и воспоставување на одредена романтична врска, разбирање на одлуките кои што младите  ги носат и како тие влијаат на другите околу нив, како и поставување на граници водени од помислата дека треба другата страна да се почитува, но дека треба да се почитуваме и себе си.

-Важно е за младите луѓе да стекнат одредени сексуални знаења, да го познаваат тој социјален аспект на сексуално однесување и при тоа да научат техники како да се заштитат себе си, како подобро да го разберат своето тело, како да се однесуваат, како да ја доживеат својата прва љубов и своето прво сексуално искуство и како да се грижат за своето сексуално здравје – вели Ива Сотировска  “Unicoms AG” маркетинг менаџер за Македонија и Албанија.

Сексуалното образование не е само тема која заради какаква агенда треба да се дискутира. Во други понапредни општества каде се имплементирани овие програми,искуството покажа дека има намален број на непланирани и несакани бремености, се помал е бројот на сексуално преносливи инфекции и младите слободно говорат на теми за кои до вчера не биле слободни да зборуваат

Сара Миленковска, истражувачка и  коосновачка на Stella Network е една од промоторите на кампањата која преку социјалните мрежи и нејзиниот непосреден контакт со младите објаснува како токму сексуалното образование се поврзува со многу сегменти од  животот.

-Се обидуваме да ги одговориме прашањата како нашето сексуално здравје и сексуално образование како и свесноста и самоприфаќањето, се поврзани со нашата благосостојба и со начинот на кој ги доживуваме работите околу нас, но се поврзани исто така и со репродуктивното здравје и слобода за кои не секогаш имаме можност да дискутираме. Пораките кои ги добив директно од многу жени и девојки ми покажуваат дека постојат дополнителни теми кои ние можеме да ги дискутираме во контекст на сексуалното образование и генерално самоприфаќањето, согласноста и на поставувањето на граници- објаснува Сара.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни