„Support Kochani“ со порака на благодарност: „Не се откажуваме – нема да дозволиме Кочани да биде заборавено“

Хуманитарната организација „Support Kochani“ преку објава на својот официјален профил на Фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои изминативе месеци покажаа солидарност и поддршка кон нивната работа и активизам.

Во објавата се истакнува дека токму хуманите луѓе биле извор на сила и храброст во тешките моменти, и покрај психичкиот и физичкиот замор по речиси шест месеци континуирана активност.

„Сакаме од сѐ срце да им се заблагодариме на сите хумани луѓе кои покажаа солидарност и емпатија во нашите најтешки моменти. Вие ни дававте сила и храброст сите овие месеци да помагаме на нашите сограѓани,“ се вели во објавата.

Од организацијата порачуваат дека, иако уморни, не застануваат тука, и најавуваат продолжување со активности со истата љубов, мотивација и истрајност.

„Support Kochani не запира тука – ние како волонтери со можеби не толку голема енергија, но со иста љубов, мотивација и истрајност ќе продолжиме да работиме и да постоиме,“ додаваат тие.

Тие потсетуваат дека уште од самиот почеток го дале ветувањето дека нема да дозволат Кочани да биде заборавено – и тоа останува нивна мисија.

„Како што ветивме од самиот старт – нема да дозволиме Кочани да биде заборавено.“

Организацијата „Support Kochani“ веќе неколку месеци активно делува на терен, пружајќи помош и поддршка на граѓани од регионот погодени од различни кризни состојби. Нивната посветеност и ангажман беа препознаени од пошироката јавност, а нивната мисија останува жива и неопходна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни