Супертајфунот „Фунг-вонг“ ја погоди северната област на Филипините, предизвикувајќи разорни ветрови и обилни дождови. Според властите, две лица загинаа, а повеќе од еден милион жители беа евакуирани на безбедни локации.
Метеоролошката служба PAGASA соопшти дека тајфунот поминал над северниот дел на островот Лузон, носејќи ветрови со јачина од 185 км/ч, со удари што достигнувале и до 230 км/ч.
Лузон и островот Источен Висајас беа најпогодени – една личност се удави, а друга загина под урнатини, потврдија локалните власти.
Ова е 21-ви тајфун што ја погоди земјата годинава, која сè уште се опоравува од тајфунот „Калмаеги“, во кој загинаа 224 лица на Филипините и пет во Виетнам.
Неколку аеродроми, меѓу кои Сангли во близина на главниот град Манила и Бикол на југот, беа затворени. Се очекува тајфунот да ослабне како што се движи кон Тајван, каде треба да пристигне во четврток наутро.
