Катастрофалниот тајфун „Фунг-Вонг“ го зафати централниот и источниот дел на Филипините, оставајќи зад себе двајца мртви и огромна материјална штета.
Повеќе од еден милион жители беа принудени да ги напуштат своите домови.
Според извештаите на агенцијата Ројтерс, една личност се удави на островот Катандуанес, додека пожарникарите во градот Катбалоган пронашле тело на друга жртва во урнатини од куќа која тајфунот целосно ја срамни со земја.