Повеќе од 100.000 луѓе се евакуирани на Филипините поради приближувањето на супер тајфунот „Фунг-вонг“, кој според најавите носи обилни дождови, разорни ветрови и силни бури. Во неколку региони е прогласено највисоко ниво на предупредување, а откажани се повеќе од 300 домашни и меѓународни летови.
Издадено е предупредување за бура за најголемиот дел од територијата на Филипините, додека највисокото, петто ниво на тревога, е прогласено за југоисточниот дел на островот Лузон. Подрачјето околу главниот град Манила е под трето ниво на предупредување.
Супер тајфунот „Фунг-вонг“, познат локално како „Уван“, треба да стигне до копното во провинцијата Аурора во централниот Лузон најрано вечерва по локално време.
Во некои делови на регионите што се под највисоко предупредување веќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија поради лошото време кое веќе започна.
„Фунг-вонг“ се приближува кон Филипините само неколку дена откако земјата ја погоди тајфунот „Калмаеги“, во кој загинаа 204 лица.
Филипините и натаму се соочуваат со чести природни катастрофи поради нивната географска положба, а властите апелираат граѓаните да останат во засолништа и строго да ги следат безбедносните упатства