Судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани за случајот Веапоска: Три години затвор и забрана за вршење на дејноста

Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска.

Гиникологот Мухамед Асани, доби три години затвор и пет години забрана за вршење на дејноста за случајот со родилката од Дебар. Ваква одлука донесе судот во Струга за првообвинет во случајот со Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска.

„Судот обинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траање од три години, која што е максимална предвидена за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува  споредна казна забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од пет години“, кажа судечкиот судија Јордан Jованов при изрекувањето на пресудата.

Судскиот процес траеше четири и пол години, а оштетената Веапоска изрази задоволство од изречената казна, со забелешка дека вина во случајот има и второобвинетиот, кој како специјализант присуствувал при вршењето на царскиот рез.

По разрешувањето од функцијата директор на струшката Општа болница, доктор Мухамед Асани тврдеше дека одговорно ја извршувал својата работа и оти совеста му е чиста. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни