Аргентинскиот суд ослободи три лица обвинети за вмешаност во смртта на британскиот пејач Лијам Пејн, објавија локалните медиуми.
Судот ги отфрли обвиненијата против бизнисменот Рохелио Норес, пријател на Пејн, кој наводно работел како негов менаџер, како и против двајца вработени во хотелот во кој почина Пејн, објави Ројтерс.
Британскиот пејач и поранешен член на бендот „One Direction“ Лијам Пејн почина на 16 октомври минатата година во Аргентина, паѓајќи од третиот кат во хотел во Буенос Аирес.
За смртта на пејачот обвинети се три лица, кои беа осомничени дека го снабдувале со дрога.
Телото на Пејн било пронајдено во дворот од полицијата, откако тие одговориле на повикот за „агресивен маж кој можеби е под дејство на психоактивни супстанци“ во хотелот.
Лијам Пејн е роден во англискиот град Вулверхемптон во 1993 година, а својата музичка кариера ја започна во британското шоу The X Factor, кога беше формирана групата „One Direction“.