Судот на ЕУ ја одобри одлуката со која институциите може да забранат носење на верски симболи

Институциите во државите кои се дел од ЕУ отсега ќе можат да им забранат на вработените да носат верски симболи, како што е хиџабот,  поради неутралноста, одлучи највисокиот суд на ЕУ, истакнувајќи дека таквите ограничувања мора да се применуваат подеднакво за сите вработени и да се вклопат во правниот контекс на секоја земја-членка.

Во одлуката, објавена во вторникот од судот на правдата на ЕУ, наведено е дека  овие забрани се дозволени со цел да се воспостави „целосно неутрална административна средина“.


Сепак, судот изнесе дека забраните за  носење облека или симболи поврзани со филозофски или религиозни верувања мора да се применуваат рамномерно. „Ова правило не е дискриминаторско доколку се применува на општ и неселективен начин за целиот персонал во таа институција  и е ограничено на она што е строго неопходно“, се вели во извештајот.

Од судот беше побарано да донесе одлука откако на вработена муслиманка во општината Анс, источна Белгија, и беше кажано дека не може да носи шамија на работа. Според судските документи нејзината работа вклучувала мал контакт со јавноста.

Набргу потоа, општината ги измени условите за вработување за да бара строга неутралност од сите вработени . Вработената поднела жалба до локалниот суд, опишувајќи ја забраната како дискриминаторска и изразувајќи загриженост дека нејзиното право на слобода на вероисповед е повредено.

Судот забележа дека иако отворените знаци на религиозно убедување биле забранети, неколку фотографии направени од жалителот јасно покажуваат дека „се толерираат дискретни знаци на уверување“. Овие симболи вклучуваат носење обетки со крст или одржување на божиќни забави, изјави адвокатот на жалителот за Гардијан.

Локалниот суд се обрати до ЕУ, барајќи од судот на правдата да оцени дали правилото за неутралност е дискриминација.

Во одлуката што важи за канцелариите на јавниот сектор низ ЕУ, судот со седиште во Луксембург се изјасни дека политиката на строга неутралност „може да се смета за објективно оправдана со легитимна цел“.

Сепак, истакнато е дека и обратното би било точно: јавната администрација може да биде оправдана да им дозволува на вработените да носат видливи знаци на верување, без разлика дали се религиозни или филозофски, на општ и недискриминирачки начин.

Националните судови имаа „маргина на дискреција“, се додава, овозможувајќи им најдобро да одлучат како да ги балансираат индивидуалните права и неутралноста на јавниот сервис.
„Сепак, оваа цел мора да се следи на доследен и систематски начин, а мерките усвоени за нејзино постигнување мора да се ограничат на она што е строго неопходно“, – наведено е во извештајот.

Сибил Гио, адвокатката што го застапува работникот во Белгија, ја истакна двосмисленоста на одлуката на судот. „Законот на Европската унија не  дава приоритет на едно решение пред друго “, рече таа. „Очекував нешто такво“.

Веста за пресудата предизвика загриженост во некои области. Фемисо, паневропска мрежа што претставува повеќе од 30 муслимански младински и студентски организации, ја опиша пресудата како потенцијално кршење на слободата на религијата и изразувањето.

„И покрај неутралноста во облекувањето , забраните за религиозните симболи секогаш се насочени кон шамијата“, изјавија од организацијата, цитирајќи документ од 2022 година од Фондацијата Отворено општество во кој се тврди дека овие забрани се потпираат на исламофобични дискурси кои го прикажуваат исламското облекување како некомпатибилно со неутралноста.

Одлуката може да ја влоши маргинализацијата на муслиманските жени во време кога исламофобијата беше во пораст, се наведува и додава : „Муслиманските жени веќе се соочуваат со меѓусекционална дискриминација по повеќе основи, а таквата пресуда ризикува да го легитимира нивното отстранување од јавниот живот“.

Организацијата повика на „инклузивност на работното место, каде што поединците од сите вери можат целосно да учествуваат без страв од дискриминација, вклучувајќи ги и младите муслимани“.

Со оваа одлука беа потврдени неколку пресуди претходно донесени од истиот суд.
Во 2021 година е донесена пресуда дека работодавците од приватниот сектор можат да го ограничат изразувањето на религиозни, политички или филозофски убедувања кога има „вистинска потреба“ да се „претстави неутрална слика за клиентите или да се спречи социјален спор“.

Една година подоцна се вели дека таквите забрани не претставуваат „директна дискриминација“ се додека се применуваат подеднакво за сите вработени.

Меѓу оние кои ја критикуваа одлуката од 2021 година беше и Human Rights Watch. „Муслиманските жени не треба да избираат помеѓу својата вера и нивната работа“, рече Хилари Марголис, од организацијата, во изјавата во тоа време.

Ваквите ограничувања, рече таа, често биле фокусирани на муслиманките кои носеле шамии или превези на лицето и се потпирале на погрешната логика: „Дека приговорите на клиентот кон вработените кои носат религиозна облека може легитимно да ги надминат правата на вработените“.

Извор: https://www.theguardian.com/world/2023/nov/29/government-offices-in-eu-can-ban-wearing-of-religious-symbols-court-rules

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни