Судирот во Иран буди страв од нагол пораст на цените на нафтата

Доколку се трајно затвори стратегиски важниот Хормушки теснец, тоа би можело да има сериозни последици за глобалното снабдување со „црното злато“.

Американско-израелските удари врз Иран, започнати во саботата, предизвикаа загриженост дека цените на нафтата би можеле нагло да се зголемат. Некои аналитичари проценуваат дека цената би можела да достигне од 72 до 100, па дури и 120 долари по барел, што би било највисоко ниво од почетокот на војната во Украина, пренесува францускиот медиум BFM TV.

Исто така, според истиот медиум, американско-израелските напади врз Иран го дестабилизираат Блискиот исток и транспортните рути на суровата нафта. Доколку се трајно затвори стратегиски важниот Хормушки теснец, тоа би можело да има сериозни последици за глобалното снабдување со „црното злато“.

Многу експерти предвидуваат силен раст на цените на нафтата веднаш по отворањето на пазарите по викендот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни