Најмалку 22 лица се повредени во судир на два трамваја во Москва, меѓу кои има и две деца, соопшти московскиот државен сообраќаен инспекторат.
„Бројот на повредени се зголеми на 22, меѓу кои и две деца“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.
Трамвај излетал од шините
Несреќата се случила утрово на обиколницата на Волоколамски автопат, кога два трамваја се судриле, по што еден од вагоните излетал од шините.
Возачот, кој останал заробен во кабината, бил извлечен од спасувачките служби.
Голема спасувачка операција
На местото на несреќата биле испратени околу 20 возила на итната помош, а медицинските екипи им укажуваат помош на повредените, соопшти прес-службата на московското метро.
Надлежните служби ја истражуваат причината за несреќата.