Судир на два света на ЛОИ – Тимовите во одбојка на плажа од Шпанија и Египет со скроз спротивни униформи

Фото: X/@ayeejuju

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од натпреварот помеѓу Шпанија и Египет во одбојка на плажа во женска конкуренција и се коментира разликата во нивните униформи.

Додека Шпанките се облечени во класични црвени бикини, натпреварувачките од Египет се облечени во долги црни униформи, со покриени глави, согласно нивната традиција.

Интересно е што на социјалните мрежи може да се забележат позитивни и негативни коментари и за двете репрезентации, во зависност од која позиција се гледа фотографијата.

Најново

Последни колумни