Трагедија во Авганистан: Починаа повеќе од 50 луѓе при судир на автобуси

Несреќата се случила кога автобус, кој превезувал авганистански мигранти што неодамна се вратиле од Иран, излетал од патот и се судрил со камион, при што бил вклучен и мотоцикл. Според локалната полиција, причината за несреќата била прекумерна брзина и невнимание, што довело до директен удар меѓу возилата.

Во западната авганистанска покраина Херат, повеќе од 50 лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторник. Несреќата се случила кога автобус, кој превезувал авганистански мигранти што неодамна се вратиле од Иран, излетал од патот и се судрил со камион, при што бил вклучен и мотоцикл. Според локалната полиција, причината за несреќата била прекумерна брзина и невнимание, што довело до директен удар меѓу возилата.

Најголемиот број од жртвите биле патници во автобусот, но животот го загубиле и две лица во камионот, како и двајца патници на мотоциклот. Автобусот бил дел од масовниот бран депортации од Иран кон главниот град Кабул, потврди покраински службеник за AFP.

Авганистан се соочува со чести сообраќајни несреќи, предизвикани од лошата состојба на патиштата по децении војна, недостигот на сообраќајни прописи и невнимателното возење. Во декември минатата година, 52 лица загинаа во две одделни автобуски несреќи во кои беа вклучени камиони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни