Осум месеци по најголемата современа трагедија во Кочани, во среда — на 19 ноември — започнува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица.
Семејствата на жртвите со месеци бараат правда за своите најблиски, инсистирајќи дека трагедијата е последица на пропусти во безбедносните стандарди и одговорност што мора јавно да се утврди.
Судењето се очекува да го отвори патот кон институционална разврска, по долг период на револт, протести и јавни апели за транспарентност, отчетност и соодветни санкции за сите инволвирани.
