Судар на возови во Словачка – десетици повредени, 11 лица хоспитализирани

Во близина на Братислава се судрија два воза, при што беа повредени десетици патници, а 11 се пренесени во болница. Според властите, нема загинати. Ова е втора железничка несреќа во земјата за еден месец.

Во Словачка вечерта се случи судар на два воза, при што десетици патници се повредени, потврдија полицијата и министерот за внатрешни работи.

Несреќата се случила кога еден воз удрил во задниот дел на друг воз во железничкиот коридор помеѓу Братислава и Пезинок, околу 20 километри североисточно од главниот град.

Министерот за внатрешни работи, Матуш Шутај-Ешток, изјави од местото на несреќата дека нема жртви, но 11 лица биле пренесени во болница, додека повеќето други патници се полесно повредени.

Еден од очевидците изјавил за словачкиот портал Aktuality.sk дека сударот бил проследен со „силен експлозивен звук“.

Ова е втора железничка несреќа во Словачка во последниот месец – претходно, на 13 октомври, два воза се судрија на истокот на земјата, при што беа повредени 91 лице.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни