Судар на два авион во Њујорк – има повредени

Два авиони се судриле синоќа на писта на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, при што се пријавени лесни повреди на две лица, соопштија од управата на аеродромот и авиокомпанијата Делта Ерлајнс.

Инцидентот се случил во 21:58 по локално време (3:58 по средноевропско време) кога еден авион слетал, а другиот се подготвувал да тргне. Како што пренесува аеродромската управа, едно лице било пренесено во болница поради повреди кои не се опасни по живот. Во соопштението се додава дека член на екипажот во еден од авионите исто така бил повреден, но не сериозно.

Иако аеродромот, кој е еден од најфреквентните во САД, не беше затворен поради инцидентот, компанијата Делта изјавила дека ќе соработува со надлежните служби за утврдување на безбедносните мерки по „сударот при мала брзина“ кој се случил додека авионот таксирал на пистата.

Според компанијата, едното крило на авионот што се подготвувал за поаѓање допрел го телото на авион што се веќе слетал. Вкупно 93 патници и членови на екипажот биле во двата авиона.

Извор: Danas.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни