Судан ги тужи Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), обвинувајќи ги дека ја поддржуваат парамилитарната група на Судан, РСФ во граѓанската војна.
РСФ е обвинет за извршување на геноцид во Дарфур против неарапските групи во регионот.
Според новинската агенција АФП, поднесокот на Судан до МСП вели: ,,Обединетите Арапски Емирати го поддржуваат бунтот и ја поддржуваат милицијата која го извршила геноцидот во Западен Дарфур.”
“Обединетите Арапски Емирати мора целосно да ја надоместат штетата предизвикана од нивните меѓународно незаконски дејства, вклучувајќи ги и надоместокот на жртвите на војната.”
Експертите на ОН кои го следат ембаргото за оружје на Дарфур претходно ги опишале обвиненијата за шверц на оружје од ОАЕ до РСФ преку Чад како кредибилни.
Војната која трае скоро две години го разори Судан, со десетици илјади загинати и повеќе од 12 милиони раселени луѓе, што предизвика една од најтешките хуманитарни кризи во светот.