Судан ќе го признае Косово. Србија прашува дали владата на Судан има капацитет за тоа

„Ја повикуваме Владата на Судан да ја преиспита својата одлука“, порачаа од Министерството за надворешни работи на Србија.

Министерството за надворешни работи на Србија изрази „сериозна загриженост поради вчерашната усмено изречена одлука на министерот за надворешни работи на Судан да ја признае еднострано прогласената независност на Косово“ и порача дека е поставен прашањето дали актуелната влада на Судан има капацитет да носи одлуки од клучно значење за меѓународните односи.

Во соопштението се нагласува дека оваа одлука претставува „грубо кршење на принципите на меѓународното право, Повелбата на ОН и важечката Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН“ и се повикува Владата на Судан да ја преиспита својата одлука, „имајќи ги предвид сложеноста и осетливоста на ситуацијата“.

„Тековната политичка ситуација во Судан, која е обележана со неизвесност и недостаток на легитимитет на актуелната власт, го доведува во прашање важноста на ваквите меѓународни одлуки. Поставено е прашањето за капацитетот на сегашната влада на Судан да носи одлуки од витално значење за меѓународните односи, особено во контекст на прашања кои се однесуваат на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите-членки на Обединетите нации“, се наведува во соопштението на Министерството.

Во соопштението се додава и дека „оваа одлука не е само спротивна на нормите на меѓународното право, туку и ги поткопува напорите за мирно решавање на односите на Балканот“.

„Ја повикуваме Владата на Судан да ја преиспита својата одлука“, порачаа од Министерството за надворешни работи на Србија.

Тие исто така наведуваат дека Србија со своите дејства продолжува да го поддржува зачувувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет, како и зајакнувањето на мирот и стабилноста во регионот.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, вчера објави дека за време на состанокот на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, суданскиот министер за надворешни работи, Али Јусуф ал-Шариф, ја информирал за одлуката за признавање на Косово и дека ќе се започне со воспоставување дипломатски односи.

„Ова е почеток на големо партнерство“, објави Османи на својот профил на социјалната мрежа X.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни