Суд го одби барањето да се објават транскриптите од поротата поврзани со Џефри Епстин

Окружната судијка на Округот Флорида, Робин Розенберг, го одби барањето на Министерството за правда на САД да се отпечатат транскриптите на големата порота поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епстин во Јужна Флорида.

Таа утврди дека барањето на Министерството не спаѓа во ниту еден од исклучоците од правилата кои бараат материјалите на големата порота да се чуваат во тајност.

Министерството за правда бараше објавување на транскриптите во Федералниот суд во Менхетен, во врска со обвинението против Епстин и неговата соработничка Гислејн Максвел.

Во обид да стават крај на повеќегодишните теории на заговор околу случајот Епстин, Министерството за правда и ФБИ претходно овој месец објавија заеднички меморандум во кој се наведува дека не постои „компромитирачка листа на клиенти“, ниту докази за какви било уцени.

Претходно денеска Политико, повикувајќи се на извор од Белата куќа, пренесе дека претседателот на САД Доналд Трамп е бесен поради медиумското известување за Епстин и оти смета дека премногу внимание се посветува на „теоријата на заговор“ околу случајот на Епстин.

Тој рече дека американскиот претседател е „фрустриран од неможноста на неговиот тим да го контролира наративот“ во врска со случајот, додека медиумите продолжија со ширење информации за неговата поврзаност со Епстин.

Иако Трамп ги негираше наводите дека му испратил непристојна роденденска порака на Епстин, приказната продолжи да доминира во јавноста, што, според изворот, предизвика дополнителна нервоза во администрацијата.

Изворот понатаму истакнал дека Трамп и неговите соработници сметаат дека тие самите „ја отвориле Пандорината кутија“ кога дозволиле информациите за Епстин да излезат во јавноста.

Како што случајот се шири, некои републиканци во Претставничкиот дом изразуваат загриженост поради можните политички последици, додека некои од нив веќе почнаа да се противат на понатамошна дискусија за случајот на Епстин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни