Стил со свест: Новиот модно-психолошки базар на StyleSipher

„Не е само шопинг — тоа е психологија на стилот“: StyleSipher го претставува првиот модно-психолошки базар во Скопје

StyleSipher го најавува првиот StyleSipher Моден Базар 2025 – модно-психолошки настан што ја спојува модната психологија,внимателно селектирани парчиња од втора рака, plus size модата и персонализацијата во живо. Настанот ќе се одржи на 29 и 30 ноември, од 12:00 до 17:00, во студиото на StyleSipher на ул. Антон Попов 20 (трет влез).

Посетителките ќе можат да откријат 200+ внимателно одбрани парчиња, распоредени во три функционални категории: секојдневни комбинации, plus size селекција и свечени фустани — уредени според fashion feng shui принципи и психолошки правила за самодоверба, пропорции и лична енергија.

„Една од нашите најважни мисии е да ја разбиеме стигмата околу second-hand модата. Овие парчиња можат да изгледаат неверојатно на секоја жена — затоа направивме мини фотосесија со повозрасна жена и plus size девојка. Тоа е нашата приказна и нашата сила“, вели Сара Серафимовска, моден психолог и основач на StyleSipher.

Персонализирањето со Ангела Бикова нема да биде само техничка изведба — туку вистинска мини-сесија на модна терапија. Додека работи, таа ги чита материјалите, ги комбинира пропорциите и суптилно го интерпретира личниот стил на посетителката. Секоја интервенција е внимателно балансирана меѓу креативност и функционалност: дали некое парче бара само фин штеп, ново копче или смела текстурална надградба. Целта е едноставна — да го трансформира омиленото парче во нешто што повторно „ви личи“, со препознатлива психолошка енергија.

Настанот ќе понуди персонализација во живо, специјални селекции од YSHC, накит од Spiceberry, DJ сет и мини консултации за стил.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни