Студија: Врските започнати онлајн се помалку среќни и романтични

Ново меѓународно истражување открива дека паровите кои се запознале онлајн пријавуваат пониско задоволство од врската и помалку изразена љубов, во споредба со оние кои се запознале во реалниот живот.

Студијата „Онлајн запознавањето на партнери е поврзано со пониско задоволство и љубов: Податоци од 50 земји“, објавена во научното списание Telematics and Informatics, анализирала повеќе од 6.600 испитаници од 50 држави ширум светот, вклучувајќи ја и Европа, САД, Австралија и земји од Африка, Азија и Јужна Америка.

Истражувањето, предводено од Марта Ковал од Институтот за психологија на Универзитетот во Вроцлав, покажало дека дури 84% од испитаниците ги запознале своите партнери офлајн, додека 16% преку интернет. Тие што се запознале во реалниот живот изјавиле дека се посреќни и повеќе вљубени, особено мажи и лица над 33 години.

Научниците нудат повеќе објаснувања: онлајн запознавањето често носи конфузија поради големиот број избори, фокусирање на физичкиот изглед, па дури и лажирање на лични податоци, што може да води до послаба основа за стабилна врска.

Заклучокот е јасен – врските започнати офлајн генерално се поуспешни, посреќни и поромантични од оние што започнуваат преку интернет.

Извор: Н1инфо.рс

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни