Студија: Пукнатините во мразот на Гренланд се формираат побрзо од кога било досега

Второто по големина ледено тело во светот, Ледената покривка на Гренланд, се распаѓа побрзо од претходно, предупредуваат научниците.
Фото: НАСА

Користејќи тродимензионални мапи на неговата површина, истражувачите откриле дека меѓу 2016 и 2021 година, пукнатините на плочата, на рабовите што се во движење, станале значително пошироки и подлабоки. Студијата, објавена во списанието Nature Geoscience, ќе се користи за подобрување на моделите на идното однесување на ледената покривка на Гренланд. Губењето на мразот на Гренланд доведе до пораст на нивото на морето за околу 14 милиметри од 1992 година, проценуваат научниците.

Ако целата ледена покривка на Гренланд се стопи, нивото на морето би можело да се зголеми за седум метри, велат тие. Водечкиот автор на студијата, д-р Том Чадли, од Катедрата за географија на Универзитетот во Дурам, рече дека „во затоплувачки свет, можеме да очекуваме да се формираат повеќе пукнатини. Ова е затоа што глечерите се забрзуваат како одговор на потоплите температури на океаните и затоа што пукнатините, исполнети со топена вода, можат потоа предизвикуваат пукнатини подлабоко во мразот.

„Сепак, до сега немавме податоци кои би покажале каде и колку брзо тоа се случува низ целата ледена покривка на Гренланд. За прв пат, можеме да видиме значителни зголемувања во големината и длабочината на пукнатините во брзодвижечките глечери на рабовите на Ледената покривка на Гренланд, во временска рамка од пет или помалку години.

„Со оваа база на податоци, можеме да видиме не само дека полињата со пукнатини се протегаат во ледената покривка, како што беше претходно забележано, туку дека во промените доминираат постоечките полиња со пукнатини кои стануваат се поголеми и подлабоки“, објаснува Чадли.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни