Но, покрај интересните транспаренти кои досега привлекуваа внимание на улиците, студентски протести се појавија и на популарната платформа за игри Roblox. Имено, некој на ликовите им додал транспаренти, како оние што се гледаат на протестите, на кои пишува „Сите на блокадите“, „Рацете им се крвави“ и слично, што предизвика бран од ентузијазам на социјалните мрежи.
Инаку, Roblox е платформа во која се сместени игри креирани од други корисници, а на некој му текнало да ги пренесе протестите во виртуелниот свет. На социјалните мрежи почнаа да се шират сцени од играта, а еден коментар стана тотален хит.
Ne razumem se u igrice ali DIGO TI SE ROBLOKS, PREDSEDNIČE pic.twitter.com/ha8PKlETBc
— Kostja (@kostja_r) February 7, 2025
„Не знам многу за игрите, но Роблокс ‘ти се крена’, претседателе“, напиша еден Србин на X.
„Ох, ќерка ми ми покажа, вели: ‘Мамо, има блокади и на Роблокс’“, „Сите во Роблокади“, „Ова е најсилното од сите досега“, „Не можам да опишам колку радост ми донесе ова“, „Ова е фантастично“, „Прекрасно“ и „Генијални деца“ се само дел од коментарите.