Студентите во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе 12 часа се без струја, а според објавените информации – и без греење и топла вода.
Како што јавува Инстаграм профилот „Студентарија.мк“, студентите во моментов се движат и учат со свеќи, во целосна темнина, а нема официјална информација кога ќе биде пуштена струјата.
Во објавата се наведува и дека најверојатно студентите цела ноќ да ја поминат без струја и без греење, среде зима. Во видеото објавено на социјалните мрежи се спомнува дека проблемот е поврзан со неплатени сметки.
