Во трка за наградата „Кристална Камера 300“ за најдобра кинематографска работа во студентски филм се 15 остварувања од повеќе земји, меѓу кои и македонскиот филм „Сенките на Месечината“ на Димитар Атанасоски.
Публиката ќе има можност да ги види и: „Во топли води“ (Германија), „Ментор“ (Словенија), „Биково око“ (Србија), „Потомство“ (Бугарија), „Со среќа, Сара!“ (Босна и Херцеговина), „Дома ми се чини дека сакам да си одам“ (Германија), „Светло месо“ (Швајцарија), „Мирисот на цвеќињата“ (Франција), „Лавина“ (Франција), „Костимот за капење“ (Австрија), „Каде одиш“ (Кина), „Противпожарна вежба“ (Германија), „Потруди се“ (Полска) и „Еднорогот во пантолони за снег одеднаш избега“ (Германија).
Фестивалот продолжува да ја исполнува својата мисија – промовирање на нови таленти и идни автори на светската филмска сцена.