Студентската конференција „Дигитална слобода и родова еднаквост: Скини ги синџирите на онлајн насилството“ ќе се одржи на 10 март во амфитеатарот на Правниот факултет во Битола со почеток во 11.00 часот.
Целта на оваа студентска конференција е да се фокусира на активното ангажирање на младите, особено фокусирајќи се на студентките, во адресирањето, препознавањето и справувањето со родовите дезинформации и формите на дигитално родово-базирано насилство и заштита од истите.
Оваа конференција ќе им овозможи на студентите да добијат пошироко разбирање за РБН и како да се справат со неговите форми во дигиталниот простор, со акцент на превенцијата, препознавањето и поддршката.
Дополнително, конференцијата ќе ги адресира предизвиците на родовите дезинформации, нивната улога во одржувањето на нееднаквостите и ќе ја нагласи важноста на дигиталната слобода како средство за постигнување родова еднаквост.
Учество на конференцијата може да се пријави на линкот https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfrIgo43vhKLLvqamf072xA0ttkRM2n8BfKA_EXlka1q5h0Eg/viewform