Студентска конференција „Дигитална слобода и родова еднаквост: Скини ги синџирите на онлајн насилството“   

Здружението за еднакви можности Мрежа Стела во рамките на регионалниот проект „Defend the right to be yourself“ со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција во Северна Македонија има чест да Ве покани на студентска конференција  на тема „Дигитална слобода и родова еднаквост: Скини ги синџирите на онлајн насилството“ која ја организираме на 10.03.2025 година во амфитеатарот на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Климент Охридски“  со почеток во 11.00 часот. 

  

Родово-базираното насилство (РБН) е резултат на длабоко вкоренетите родови нееднаквости, дискриминацијата и стереотипите кои постојат во општеството. На глобално ниво, овој тип на насилство е признато како сериозно прекршување на човековите права и основен проблем што го попречува постигнувањето на родова еднаквост и социјална правда.  

Во дигиталниот простор, пак, РБН добива нови димензии. Сајбер сексуалното вознемирување, сајбер демнење, неовластеното споделување на интимни фотографии и видеа (порнографија без согласност – одмазничка порнографија), клевета во онлајн просторот, тролање, кротење во онлајн просторот, доксинг/злокументирање, злоупотребата на лични податоци и говорот на омраза насочен кон одреден род и/или родов идентитет, се само некои од начините на кои насилството може да се манифестира онлајн.  

Овие форми на насилство може да бидат помалку видливи, но често имаат долготрајни психолошки последици по жртвите, со оглед на тоа што дигиталниот простор овозможува насилството да се споделува глобално. Kонцептот пак на родовите дезинформации може да биде поставен во облиците на манифестирање на родово-базираното насилство, затоа што вклучуваат дисеминација на лажни наративи, стереотипи и предрасуди кои ја овозможуваат и олеснуваат маргинализацијата и дискриминацијата на одредени групи. 

Целта на оваа студентска конференција е да се фокусира на активното ангажирање на младите, особено фокусирајќи се на студентките, во адресирањето, препознавањето и справувањето со родовите дезинформации и формите на дигитално родово-базирано насилство и заштита од истите. Оваа конференција ќе им овозможи на студентите да добијат пошироко разбирање за РБН и како да се справат со неговите форми во дигиталниот простор, со акцент на превенцијата, препознавањето и поддршката. Дополнително, конференцијата ќе ги адресира предизвиците на родовите дезинформации, нивната улога во одржувањето на нееднаквостите и ќе ја нагласи важноста на дигиталната слобода како средство за постигнување родова еднаквост.  

На конференцијата ќе биде презентиран и Прирачник за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор изработен од професорката Ангелина Станојоска.  

А Г Е Н Д А 

10.03.2025, 11:00ч. 

Време Активност 
 11:00 – 11:10  Отворање на Конференцијата претставничка од Мрежа Стела Ирене Кетоф, претставничка од Амбасадата на Франција во РСМ  
 11:10- 11:40  Презентација на Прирачникот за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор Проф. д-р Ангелина Станојоска  
 11:40 – 11:50  Прашања   Проф. д-р Ангелина Станојоска 
 11:50 – 12:40  Панел – „Дигитална слобода и родова еднаквост: Скини ги синџирите на онлајн насилството“ Говорнички:  Проф. д-р Ангелина Станојоска Љупка Трајановска, Проектна координаторка, Мрежа Стела  М-р Сара Миленковска, Соосновачка на Мрежа Стела и ко-авторка на Поимник на родово базираното насилство извршено со (зло)употреба на технологиjата Наташа Бекирова,  Системски и семеен терапевт под супервизија – Женски центар за поддршка Битола  Зорица Станковска, студентка на Правниот Факултет при УКЛО   Модераторка: Марта Стевковска, Специјалистка за комуникации, Мрежа Стела  
12:40 – 13:00 Прашања и дискусија 
 13:00 – 13:30  Неформално дружење и освежување  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни