На таа несреќа, при уривање на настрешница на станицата, животот го загубија 16 лица. Во знак на солидарност и барање за одговорност, на 25 април група од 21 студент започнаа симболичен маратон – трчање од Србија до Брисел. Вечерва околу 19 часот пристигнаа на Шуман плоштадот, во срцето на европските институции.
Студентите беа пречекани од бројни граѓани и европратеници. Во текот на нивниот тридневен престој во Брисел, ќе имаат состаноци со еврокомесарката за проширување Марта Кос, која неодамна престојуваше во Белград, како и со комесарот за млади и спорт, Глен Микалеф, претседателот на Комитетот за надворешна политика Дејвид Мекалистер и уште неколку претставници на Европскиот парламент и други институции на ЕУ.
Студентите беа поделени во четири групи и секоја од нив дневно трчаше по околу 20 километри, сè додека не ја исполнија својата мисија – да го пренесат својот глас до срцето на Европа.