Студентите во блокада најавија собир пред Филозофски во Нови Сад, на синоќешните протести употребени и шок бомби (ФОТО)

Студентите на Филозофскиот факултет во Нови Сад најавија дека повторно ќе се соберат пред тој факултет вечерва во 19 часот.

„Нашиот факултет е сè уште окупиран. Борбата продолжува. Се гледаме вечерва за ослободување на Филозофски“, рекоа студентите, пренесува N1.

Тие, исто така, повикаа на собир во поддршка на притворениот колега Павло, утре напладне, кога е закажано неговото сослушување на суд.

Миран Погачар од граѓанското движење „Браво“ на социјалната мрежа X објави дека полицијата за прв пат синоќа на протестот пред Филозофскиот факултет во Нови Сад, употребила шок бомби и дека еден човек е повреден, претрпел изгореници и трајно губење на слухот.

„Многумина беа повредени синоќа пред Филозофски во Нови Сад, а еве зошто. На првата фотографија е осигурувачот од шок бомба, а синоќа жандармеријата ги употреби неколку пати. Едно момче претрпе изгореници и веројатно трајно го изгуби слухот поради шок бомбите, а има и други со слични повреди. Полицијата не избира средства за да го брани режимот, ова е веќе ново ниво на насилство врз народот. Ги повикувам Ивица Дачиќ и полицијата јавно да објаснат зошто жандармеријата употребила шок бомби, кои ќе одговараат за употребата на средства опасни по живот додека луѓето биле мирни и не се спротивставувале“, напиша Погачар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни