Студентите утре го блокираат најфреквентниот мост во Белград

Студентите кои со месеци протестираат низ Србија поради смртоносното уривање на настрешницата во Нови Сад, за утре најавија блокада на најфреквентниот мост во Белград, Газела.
Фото: X/@makimarh

Според планот, собирот ќе започне во 9 часот пред Земјоделскиот факултет, од каде учесниците во 9 часот и 20 минути пеш ќе тргнат кон мостот Газела. Блокадата на мостот се очекува да трае седум часа, од 11 до 18 часот.

Овие протести траат од 1 ноември минатата година, кога 15 лица загинаа при уривање на настрешница на реновираната железничка станица во Нови Сад. Студентите бараат одговорност за оваа трагедија, тврдејќи дека корупцијата и неквалитетната работа довеле до несреќата.

Протестите се проширија во неколку градови во Србија, вклучително и масовниот митинг во Нови Сад, каде десетици илјади студенти и граѓани блокираа три моста во знак на протест.

И покрај оставките на некои владини функционери, студентите продолжуваат со протестите, барајќи суштински промени и одговорност за трагедијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни