Студентите во блокада во Ниш и дел од студентите во блокада во Нови Сад го поддржаа предлогот за преодна експертска влада. Се чека одлука од студентите на Белградскиот универзитет, од кои досега се огласија студентите на Филозофскиот факултет кои рекоа дека се загрижени за поддршката и дека тоа е предлог на опозицијата, а не на студентите.
Како решение за излез од моменталната политичка криза, студентите во блокада на Универзитетот во Ниш го гледаат во експертската влада која, како што велат, нема да се состои од партиски послушници, туку од експерти.
„Што сега – експертска влада?“ Тоа е ставот на студентите во блокада на Нишкиот универзитет. Велат дека таа иницијатива не е израз на револт, туку израз на визија и почеток на опоравувањето.
Студентите пак на Филозофскиот факултет во Белград во блокада јасно ја одбиваат идејата за „експертска“ влада.
Студентот на докторски студии и соработник во наставата на Факултетот за политички науки, Филип Отовиќ Вишњиќ, смета дека оваа идеја е спорна, пред сè, затоа што не е јасен начинот на избор на оние кои би можеле да се наречат експерти.
„Тука се поставува прашањето кој дава мислење или лиценца дали некој е експерт и дали некој е поголем експерт од некој друг. И исто така на политички ниво се поставува прашањето дали експертот може да се гледа како изолирано битие надвор од политичките и општествените случувања. Односно, дали може да се изолира од идеологијата и притисоците на општествената заедница, интересни групи или било какви групи на кои припаѓа“, вели тој.
Поединци и организации кои се собрани околу Прогласот оценуваат дека формирањето на преодна Влада на општествена доверба би било најоптимален начин за мирен излез од „драматичната општествено-политичка криза во која се наоѓа Србија“.
„Поаѓајќи од повикот на студентите да се вклучат граѓаните во решавањето на општествените и политичките прашања, учесниците на овој стол се залагаат за формирање Влада на општествено доверба, бидејќи само таа е гаранција за исполнување на студентските барања и обезбедување услови за слободни избори“, изјави Гојко Божовиќ од Прогласот.
Отовиќ Вишњиќ вели дека студентите мора да се држат до сите досегашни фокуси и барања од кои не се отстапиле.
„Треба да издржиме на принципите на директна демократија и досегашните форми на борба. Студентите многу пати кажале дека се обраќаат на институциите, тие сакаат институциите, бирократијата на оваа земја, да го направат својот дел за она за што земаат плата, да ги исполнат барањата, а не носителите на политички функции“, вели тој.
Опозицијата нагласува дека преодната влада не е цел сама по себе, туку целта на таа Влада е да се обезбедат слободни избори, да се исполнат студентските барања и да се создадат услови за слободна работа на медиумите.
Според зборовите на опозициските претставници, Владата ќе се состои од експерти и ќе биде ограничена на неколку месеци.