Студентите од драмските факултети ќе играат на Денови на комедија Куманово

Оваа година во придружната програма на МТФ Денови на комедија Куманово ќе играат и студентите од драмските факултети во Македонија ФДУ и ЕСРА Скопје.

Три студентски претстави ќе се играат во мала сала во Центар за култура.

Фестивалот ќе почне на 24 септември со велешки театар, следуваат охридкиот, театарот од Враца, од Врање, ќе настапи театар комедија, тетовскиот, театар од Плевен, ќе игра и албанската драма од Куманово. Публиката ќе има можност да ги проследи и штипскиот театар, театарот од Ниш. Во вторник фестивалот го затвора кумановскиот театар со новата претстава која ја подготвуваме „Ноќ спроти Водици“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни