Студентите ги радикализираат протестите: Најголемата раскрсница „Автокоманда“ во Белград утре ќе биде блокирана 24 часа

Се уште не е познат деталниот план како ќе се одвива утрешниот протест. На нивната веб-страница, студентите утрешната блокада ја опишуваат како продолжение на протестот кој се одржа во петокот.

Студентите најавија дека утрешната 24-часовната блокада на најголемата раскрсница во Белград „Автокоманда“ ќе започне во 9 часот во Студентскиот град, а самата блокада на улиците започнува во 10 часот. Автокоманда велат е „само прв чекор во радикализацијата на протестите“.

Се уште не е познат деталниот план како ќе се одвива утрешниот протест. На нивната веб-страница, студентите утрешната блокада ја опишуваат како продолжение на протестот кој се одржа во петокот. Тие наведуваат дека ќе ја блокираат раскрсницата Автокоманда цели 24 часа во понеделник. Тоа е една од најпрометните сообраќајници во Белград. Според информациите, собирањето ќе започне во 9 часот, а веќе за 10 часот е планирано да се запре сообраќајот на Автокоманда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни