Поради поголема безбедност

Студентите ги преместија централните протести од плоштадот на Собранието пред плоштадот Славија

Поради последниот развој на настаните и соочени со сѐ поголемата напнатост во општеството, студентите во блокада одлучија да го сменат местото нашиот протест од плоштадот пред Собранието на Славија. Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и за да се осигура безбедноста на сите учесници во нашиот протест, но и на студентите кои кампуваат во Пионерскиот парк

Студентите во блокада од ЕТФ и Архитектура објавија дека ќе биде променето местото на централното собирање на големиот протест во 16 часот. Тој од плоштадот пред Собранието на Србија, се преместува на Плоштадот Славија.

„Поради последниот развој на настаните и соочени со сѐ поголемата напнатост во општеството, студентите во блокада одлучија да го сменат местото нашиот протест од плоштадот пред Собранието на Славија. Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и за да се осигура безбедноста на сите учесници во нашиот протест, но и на студентите кои кампуваат во Пионерскиот парк. Ние ги повикуваме сите да ни се придружат на Славија заедно да испратиме силна порака дека ние не одстапуваме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни