Оваа категорија досега немаше пречки во користењето на оваа социјална мерка, но од неодамна е исклучена од програмата, поради што се отворија реакции во јавноста.
Според Студентарија, семејната пензија, исто како и државните стипендии, не треба да се смета за месечен приход што би претставувал основа за губење на правото на субвенции за оброк.

Тие ја проследија својата загриженост до Министерството за образование и наука и очекуваат институцијата да преземе соодветни чекори за надминување на проблемот.

Одговор од МОН сè уште нема.